Кинезите имаат намера да го заменат уличното осветлување со вештачка Месечина, која ќе блесне осум пати посилно од вистинската.

Алтернативата на старото улично осветлување, вештачката Месечина, ќе осветлува делови од југоисточна Кина.

Кинезите планираат во вселената да лансираат сателит што ќе осветлува околу 80 квадратни километри од површината на Земјата.

Проектот „Вештачка Месечина” се развива веќе некое време, според научните списанија и порталите на весниците.

Сателитот вештачка Месечина ќе биде насочен кон Шенгду, еден од трите најнаселени градови во западна Кина. На тоа подрачје живеат околу 14,5 милиони луѓе.

Проектот е на институтот Erspejs sajens end technology од Шенгду, кој се очекува да го лансира сателитот во 2020 година.

Лекарите предупредуваат за опасноста од висок крвен притисок и дијабетес, ако луѓето се изложени на силна вештачка светлина пред спиење.

Резултатите од истражувањето во кое учествуваа 116 здрави испитаници на возраст од 18 до 30 години покажуваат дека изложеноста на силна вештачка светлина пред спиење може да го намали квалитетот на сонот и да го загрози здравјето.