Научниците на антарктичкото дно забележале чудни звуци, по што спровеле истрага за да откријат зошто тие настануваат.
Откако во 2014. година истражувачите поставија 34 сеизмички монитори во снегот на врвот на најголемиот леден покривач на Антарктикот, на ледената плоча Рос, инструментите забележаа речиси константни звуци на „зуење“.
Ледената плоча, која што може да се спореди со големината на државата Тексас, која плови во Јужниот океан, отвори нов простор за истражување, а научниците се обидоа да објаснат зошто и како настануваат овие чудни звуци.
Со оглед на тоа дека звукот не може да го слушне човек, научниците овие ниски фреквенции ги прилагодија на она ниво за да може да биде регистрирано од човековото уво.
„Кога би можеле да ги чуеме овие вибрации тие би биле како звук од илјада штурци, изјави Даглас Макајел, од Универзитетот во Чикаго.
Научнците кои ги проучуваат геолошките проблеми на леденото доба објаснија зошто настануваат овие звуци.
Вибрациите настануваат поради силните ветрови кои дуваат на врвот на плочата, со што влијаат на вибрирањето на мразот.