Откако Елон Маск испрати автомобил во вселената, признаваме дека тешко може нешто да не изненади. Ова е причината зошто многу не сме изненадени многу од идејата за паметен телефон, кој е со големина на кредитна картичка.

Станува збор за Palm mini – мал и компактен паметен телефон развиен од Verizon, кој служи како додаток на уредот што го користиме. Mини смартфонот има неверојатно мал дисплеј од само 3,3 инчи, потфат што не е преземен повеќе од 5 години, бидејќи во последниот период главен тренд се шаметни телефони со се поголем и поголем екран.

Компанијата која беше во сопственост на HP долго време беше затворена, а правата за брендот беа продадени на кинескиот TCL. Сега стартап од Сан Франциско составен од поранешни вработени во Samsung, Денис Милошески и Хауард Нук, го враќа овој стар и познат бренд назад на пазарот на смартфони.

Идејата е кога сме надвор за време на викендот и не сакаме да го носиме со нас пет или повеќе инчниот смартфон во џебот, да го земеме Palm. Тој е покомпактен и ви овозможува да остварувате повици, да пребарувате на интернет и да фотографирате.

Ова се случува со помош на две камери – 12-мегапикселна задна и 8 мегапикселна предна. Според „The ​​Verge“, Palm располага со специјален режим – In Life Mode, кој го исклучува добивањето на известувања, како и радиото. Истото важи и за мобилните податоци и WI-FI конекцијата. Тие се појавуваат само кога го користиме уредот.

Лошата вест за корисниците на iPhone е дека Palm е претежно додаток за Android уредите. Овое корисници можат да го користат малиот паметен телефон, но тие нема да ги добиваат нивните iMessage пораки на него.

Малиот паметен телефон ќе биде објавен во ноември, а неговата цена ќе изнесува 349 долари.