Авангардниот уметник, Британецот Нил Харбисон, благодарение на антена вградена во черепот стана првиот официјално признат киборг на светот.

Харбисон открива дека е роден како далтонист и дека иако со своите очи не ги разликува боите, со своите антени може да ги слушне.

Харбисон стана киборг по еден уметнички проект, кога уште како студент професорите го поттикнувале да ја користи технологијата. Бидејќи антената стана составен дел од неговото тело, успеа да ја натера англиската Влада да го признае неговиот идентитет и официјално да го прогласи за киборг, што според дефиницијата е кибернетски организам кој се состои од вештачки и природни делови.

“Сакав да ја проширам својата перцепција на реалност. Антената ми овозможува да ги доживеа боите кои сам не можам, бидејќи сум далтонист. Се идентификувам како киборг, бидејќи повеќе не се чувствувам одвоен од технологијата. Таа е дел од мене”, вели Нил во разговорот за Дојче Веле.