Xiaomi објави дека Mi Mix 3 премиум телефонот ќе биде официјално претставен на 25. октомври. Судејќи според тизерот, кој е поставен на страниците на Weibo, телефонот навистина ќе има механизам со слајдер камера.
Xiaomi Mi Mix 3 би требало да има 100% screen-to-body предна страна, со слајдер на задната страна, иако првобитно се сметаше дека Xiaomi ќе импелемнтира засек во екранот. Тука е и техничката можност дисплејот да може да се поместува на слајдерот, а задниот дел да е статичен, во зависност од тоа од кој агол се гледа на технологијата.
Се уште не знаеме премногу за спецификациите на смартфонот, но знаеме дека Mi Mix 3 ќе има AI посебно копче за активација на Xiao AI системот. Ова ќе биде прв пат да видиме хардверска имплементација на системот, кој претходно дебитираше на Xiaomi Mi Mix 2S моделот.
Поврзани артикли