Научниците од Кембриџ открија начин на којшто батериите на телефоните би се полнеле за неколку минути, а би траеле релативно подолго. Како што пишува The Guardian, група истражувачи од Кембриџ откриле дека оксидите на ниобиумот и волфрамот овозможуваат многу брзо полнење на батериите, што може драстично да го намали времето на чекање додека да се наполнат батериите на електричните возила и мобилните телефони.

Брзината со која се полни батеријата зависи од брзината со која позитивно наелектризираните јони на литиумот може да стигнат до негативно налектризираните електроди, а едно од решенијата биле наночестичките. Меѓутоа тоа е многу скап пристап.

Сега на Кембриџ утврдиле дека јоните на литиумот многу брзо поминуваат низ оксидите на ниобиумот и волфрамот.

Авторот на студијата Кент Грифит вели дека овие честички се темелно различни. Откриени се уште во 1965 година, а научниците преку тестови утврдиле дека јоните низ тестираната батерија поминуваат неколку стотина пати побрзо отколку низ вообичаените електроди со керамика. Грифит истакнува дека тие лесно се произведуваат и не бараат дополнителни хемикалии и растворувачи.

Следниот чекор за научниците ќе биде да се оптимизира користењето на овие супстанции во целата батерија, а според научниците оваа техника дополнително може да се оптимизира, што ќе придонесе нови подобрувања во работата на таквите батерии.