Samsung официјално ги претстави Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G телефоните од средната класа.

Наследниците на најпопуларните поевтини модели од 2023 година сега имаат голем број заеднички карактеристики.

За почеток, Galaxy A55 и Galaxy A35 имаат ист дисплеј: 6,6-инчен Super AMOLED панел со резолуција 1080x2340p и стапка на освежување од 120Hz.

И двата телефони користат батерија од 5000 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W, како и новиот дизајн на Samsung Key Island. Рамката е различна, така што Galaxy A55 користи метал, а Galaxy A35 користи пластика.

Голема надградба за двата телефони, во споредба со претходната генерација, е стаклото и на предната и на задната страна. Тоа е Gorilla Glass Victus+, кое е двојно поотпорно од Gorilla Glass 5, кое имаше Galaxy A54 и A34.

Голема надградба за двата телефони, во споредба со претходната генерација, е стаклото и на предната и на задната страна. Тоа е Gorilla Glass Victus+, кое е двојно поотпорно од Gorilla Glass 5, кое го имаа Galaxy A54 и A34.

Galaxy A55 5G користи чипсет Exynos 1480, во комбинација со 8GB или 12GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Galaxy A35 има чип Exynos 1380 (од минатогодишниот модел A54), заедно со 6GB и 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање.

Што се однесува до камерите, Galaxy A55 има селфи камера од 32MP f/2.2, додека на задната страна има главни камери од 50MP f/1.8, ултра широки 12MP и макро камери од 5MP. Galaxy A35 има предна камера од 13MP f/2.2, главна одзади 50MP f/1.8, ултра широка 8MP и макро од 5MP.

За прв пат во серијата телефони А, Samsung Galaxy A55 и Galaxy A35 доаѓаат со Samsung Knox Vault. Тоа е безбедносно опкружување базирано на хардвер, кое е физички изолирано од процесорот и меморијата. Samsung Knox Vault ги штити најкритичните податоци на телефонот, како што се PIN-кодовите, лозинките и обрасците за отклучување. Има и заштита за клучеви за шифрирање на телефонот.

Достапен е и опционален Auto Blocker за корисниците, кој го запира инсталирањето на сомнителни апликации, скенира за малициозен софтвер и блокира злонамерни команди.

Samsung ветува четири години големи надградби на оперативниот систем за Galaxy A55 и Galaxy A35, како и пет години безбедносни поправки.

Што се однесува до цените, Galaxy A55 е достапен во верзија со 8/128GB која чини 480 евра, 8/256GB (530 евра) и 12/256GB. Galaxy A35 има почетна цена од 380 евра за верзијата со 6/128 GB, 8/128 GB е средната опција, а најсилниот модел со 8/256 GB чини 450 евра.