Заедно со новите смартфони Pixel, Google претстави и нов уред со Chrome OS. Неговото име е Pixel Slate и како што може да се претпостави станува збор за таблет.

Уредот има 12,3-инчен, со сооднос 3:2 дисплеј со резолуција 3000×2000 пиксели (293 ppi), предни стерео звучници, куќиште со дебелина 7 mm и тежина 721 грама.

Достапни се 4GB / 8GB RAM, 32GB / 64GB / 128GB / 256GB вградена меморија и процесори Intel Celeron / Core m3 / Core i5 / Core i7.

Заедно со тоа откриваме сензор за отпечатоци во копчето за вклучување, две 8МР камери, батерија која издржува 12 часа комбинирана работа и два USB-C портата.

Изборно се нудат торбичка со тастатура (199 долари ) и капацитивна игла (99 долари).

Цената на основната верзија започнува од 599 долари, а најмоќната конфигурација чини цели 1.599 долари.