“Њујорк Тајмс” известува дека постојат повеќе од 250 Андроид игри, но и некои iOS апликации кои користат софтвер на компанијата Alfonso, како би следеле кои ТВ емисии и реклами ги гледа корисникот.

Сите собрани информации се користат за прикажување на одредени реклами.

Од Alfonso истакнуваа дека планот на компанијата не бил да се следат разговорите, туку само сигналите потребни за да се одреди што му треба на корисникот.

Компанијата тврди дека се е регулирано и дека не се нарушува приватноста, односно дека играта ќе го вклучи микрофонот само доколку тоа го одобри корисникот.