Компанијата Google на денешниот настан во Њујорк ги претстави Pixel 3 и Pixel 3XL, своите најнови Android паметни телефони.
По неколку месеци протечени фотографии и видео записи, на Google му останаа малку информации кои можеше да ги открие денеска во Њујорк. По сето тоа, конечно ја добивме целата приказна за новите хардверски и софтверски карактеристики кои се ексклузивни за Pixel 3.
Имено, Pixel 3 и XL поседуваат огромни екрани, многу поголеми во однос на минатогодишните модели токму благодарение на намалените рабови на телефоните. Pixel 3XL има екран со големина од 6,3 инчи, додека Pixel 3 има екран од 5,5 инчи. Телефоните се многу слични со своите претходници кога станува збор за димензиите, но и според начинот на ракување со нив.
Pixel 3 ќе чини од 799 долари за верзијата од 64 GB, додека цената на XL почнува од 899 долари. Дополнителните 100 долари овозможуваат 128 GB интерна меморија. Моделите доаѓаат во три бои – црна, бела и виолетова.
Google ја задржа задната камера на двата модели што значи дека останаа доследни на индустрискиот тренд за поседување на двојна камера.И двата телефони поседуваат по две предни камери. Едната од нив нуди поширок агол на објективот, што овозможува да се фатат повеќе луѓе во кадар.
Кога станува збор за самиот софтвер, Google Assistant и Google Lens се дизајнираните клучни делови од софтверското искуство, а оваа година, Pixels претставува функција која ќе му овозможи на Google Assistant да прикаже непосакувани повици и да ви дозволи да одлучите дали да ги блокирате тие броеви или да ве потсети да ги повикате подоцна.
Извор: B92.net