Компанијата Oppo патентираше смартфон кој подразбира секундарен екран што се одвојува.

Секундарниот екран би се користел во ситуации кога на корисникот му е потребна што поголема површина. LG претходно работеше на мобилни телефони како V60 ThinQ моделот, кој имаше втор екран што се одвојува, но јужнокорејскиот производител пред неколку дена потврди дека повеќе нема да произведува смартфони. Сега се чини дека сличен уред на пазарот може да пласира Oppo.

Компанијата патентираше уред со секундарен екран, кој се спојува со clip-on механизам, шарка благодарение на која може да се отвори и затвори како книга, со можност за целосно одвојување на вториот екран.

Сè уште нема официјални детали за уредот. Екраните на телефоните на LG можеа да функционираат независно, на едниот можеше да се гледа Netflix, а другиот да се користи за нешто сосема друго.

Oppo го патентираше својот дизајн во март годинава, но тоа не е гаранција дека ќе видиме уред во сериско производство. Сепак, дефинитивно е потврда дека Oppо размислува за алтернативни форми, за што сведочат rollable паметните телефони Oppo X и преклопните Oppo X Nendo уреди.

Од друга страна, можно е новиот уред на Oppo да се појави на пазарот во 2022 година.