Компанијата SpaceX на претприемачот Елон Маск успешно лансираше сателит во вселената од западниот брег на САД, притоа воодушевувајќи голем број на корисници на социјалните мрежи во Калифорнија.

Ракетата „фалкон 9“ го понесе во орбитата сателитот SAOCOM 1A, полетувајќи од воздухопловната база Ванденберг, северозападно од Лос Анџелес.

Голем број жители споделија фотографии од лансирањето, кое го осветли небото над сојузната американска држава.

Ракетата успешно ја заврши својата мисија, пренесе Би-би-си.

„Полетувајќи околу 19:21 часот по локално време, првата платформа на ракетата, која може повторно да се користи, се врати безбедно во воздухопловната база осум минути подоцна“, се наведува во соопштението.

Жителите на Калифорнија објавија видеа и фотографии од небото по успешното лансирање, вклучувајќи го и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.

SpaceX разви ракети со платформи кои може повторно да се користат, во обид да ги намали трошоците и да ги привлече вселенските компании.

Ова беше првото полетување кое компанијата го реализираше од Западниот брег – останатите се случија од копното на Флорида и од платформи на море.