Новата ДНК алатка, создадена од страна на научници при Државниот универзитет во Мичиген, може точно да ја предвиди висината на луѓето и потенцијално да процени ризици за појава на сериозни болести, како што се срцевите заболувања и ракот, пишува Science Daily.

Алатката, односно алгоритмот, може да создаде предиктори за човечки особини, како што се висината, густината на коските, па дури и степенот на образование што може да го постигне лицето, базирано на геномот. Но, нејзината примена можеби нема да застане таму, додаваат научниците.

“Додека алатката е потврдена за овие три исходи, сега можеме да го примениме овој метод за да предвидиме и други сложени особини поврзани со здравствените ризици, како што се срцевите заболувања, дијабетесот и ракот на дојка. Ова е само почеток“, рекол Стивен Хсу, водечки научник на студијата.

Во тестовите за валидација на алатката, компјутерот точно ја предвидел висината на испитаниците, додека, пак, иако мерењата за коскената густина и предусловите за степенот на образованието не биле прецизни, сепак биле доволно точни за да ги идентификуваат лицата кај кои има ризик да имаат многу ниска коскена густина поврзана со остеопороза, или пак кај оние кои постои ризик да имаат потешкотии на училиште.

“Алгоритмот ја разгледува генетската шминка и висината на секоја личност. Компјутерот учи од секоја личност и на крајот произведува индикатор кој може според нивниот геном да ја определи нивната висина“, додал Хсу.