Новиот патнички аеродромски терминал во Пекинг, проект на компанијата Zaha Hadid Architects, (во моментот познат како „Beijing Daxing International Airport“) стана најголем воздухопловен центар на светот.  Огромната конструкција, дефинирана со пет „крила“ кои се шират од едно централно јадро, ќе покрива површина од  313.000 квадратни метри.

zaha 3

zaha 6

Секое „крило“ ќе биде посветено на некој сегмент од кинеската култура, вклучувајќи ги свилата чајот, порцеланот и сл. Според зборовите на изведувачот на работите, растојанието од крајот на секое крило до централната зграда ќе биде нешто помало од 600 метри.

The inner view of the terminal hall of new Daxing Airport constructed on the outskirts of Beijing

zaha 4

zaha 5

Самиот дизајн на објектот го издвојува овој аеродром од сите други меѓународни аеродроми, каде патниците мораат да минуваат подолги растојанија до своето одредиште.

zaha 7