Две мистериозни, полирани топки за кои се верува дека се стари повеќе од 5.500 години, се пронајдени на Оркнијските острови кај брегот на Шкотска.

Топките биле пронајдени во гробница со повеќе одаи сместена на карпа во јужниот крај Треснес. Бидејќи карпата полека лизга во морето, археолозите забрзано работат на испитување на неолитскиот локалитет.

Засега не се знае за што служат топките, кои се пронајдени и на други локалитети во Шкотска, Ирска и во Британија, но се претпоставува дека се користени како оружје, церемонијални предмети, алат или како “магични топки” за предвидување на иднината.

Во близина на гробницата тимот од археолози пронашол и остатоци од неолитска населба од истиот период, пренесува Daily Mail.

„Ова е многу возбудливо откритие”, навел тимот за куглите со дијаметар од пет центиметри кои се пронајдени во одаите на гробница од раниот неолит.

Д-р Хуго Андерсон Вајмарк, висок кустос на одделението за неолитска праисторија во Шкотскиот национален музеј, потсетил дека околу 20 слични кугли се пронајдени на Оркнијските острови, но дека, за разлика од нив, овие две се добро сочувани.

Покрај топката, археолозите пронашле човечки и животински остатоци, керамика и бројни камени предмети од бронзеното доба.

Извор: Espreso.co.rs