Дека и македонските производи можат да бидат во тек со светските трендови покажува и најновата македонска апликација за спојување и запознавање – MChat.

Самата мобилна апликација е локациски базирана со вградена мапа и прилагодена да дава приказ на корисниците според нивната оддалеченост. Поради безбедносни и причини поврзани со приватноста на корисниците, точната локација на корисниците никогаш не се открива.

Освен што корисниците можат да се видат на мапа и по далечина, апликацијата нуди повеќе дополнителни функции како:

  • Листање профили на други корисници;
  • Можност за лајк или дислајк на корисници;
  • Спојување односно совпаѓање кога двајца корисници взаемно ќе стиснат лајк;
  • Moжност за размена на текстуални пораки кога има совпаѓање;
  • Следење на најнови објави од пријателите и коментирање на истите;
  • Следење на актуелни новости, претежно од забавен карактер.

Користењето на оваа апликација е бесплатно, но доколку сакате достапност до привилигирани функции, можете да станете и премиум корисник за само 1.49 долари на месец.

Апликацијата работи и на Android и на IOS уреди и може да си симне од следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS)