Британската компанија го претставила уредот кој ги мери сите аспекти на сексуалниот чин и открива полови болести. На пазарот е пуштен „i.Con”, првиот паметен кондом.

Целта на овој уред е да собира податоци за сексуалните односи, нивна споредба и помош за клиентите да бидат подобри во кревет.

„Паметниот кондом пристигна и одличен е. Сакавме “i.con” да биде префинет, лесен и да не биде наметлив – и конечниот производ е сето тоа. Многу технологии се спакувани во овој уред, и тој ќе ги мери речиси сите аспекти во спалната соба”, рекол Адам Леверсон, главен инженер на компанијата “British Condoms”.

Што мери кондомот?

  • Должината на сексуалниот однос
  • Брзината на пенетрацијата
  • Потрошени калории
  • Сексуални пози
  • Постоење на полови болести
  • Просечна температура на кожата

Самиот уред не личи на кондом, туку на гумено ластиче кое се става на дното на машкиот полов орган, а преку обичен кондом.

„Ова е следниот чекор во технологијата, а веруваме и пионерски уред кој не само што ќе внесе повеќе забава во вашата спална соба, туку ќе помогне и во откривање на полови болести. Покрај тоа, ќе помогне и во спречување на паѓањето на кондомот при сексуалниот однос, што е главна причина за несакани бремености во Британија”, вели Џон Симонс, портпарол на компанијата.

Како што се наведува, за купување на овој паметен сексуален уред, кој чини 80 долари и има гаранција од една година, веќе се регистрирале 96.000 луѓе.
Извор: Mondo.rs