Поминаа неколку години откако Apple престана да го произведува 17-инчниот MacBook Pro, оставајќи им го на корисниците моделот од 15 инчи како најголема опција која можат да ја купат. Сигурно постојат корисници на кои им недостасува 17-инчниот модел и на кои веста за потенцијално враќање на оваа големина во текот на 2019. година би им била интересна.

Меѓутоа, изгледа дека тоа повеќе нема да биде случај, бидејќи аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека поголемиот MacBook Pro нема да пристигне пред 2021. година. Според неговиот најнов извештај, лаптопот ќе користи micro LED дисплеј, кој ќе нуди поширок спектар на бои и поголем контраст.

Лаптопите на Apple моментно и натаму користат LCD екрани, но според бројните тестови нудат прилично убава и светла слика. Моделот од 17 инчи би можел да биде насочен кон корисниците кои бараат уште подобар дисплеј, за обработка на фотографии или видеа.

Претходно, Куо тврдеше дека поголемиот MacBook Pro би можел да пристигне со екран од 16 инчи, а сега сугерира големина од 17 инчи. Споменатите информации треба да се земат со доза на резерва, бидејќи официјални детали од Apple се уште нема.