Samsung подготвува финансиски достапен безижен полнач за мобилните уреди, што упатува на заклучокот дека безжичното полнење можеби ќе пристигне и на нивните уреди од ниска и средна класа.

Јужнокорејскиот извор ETNews пишува дека до него стигнале информации дека Samsung планира во иднина да претстави многу поволен безжичен полнач за мобилни телефони кој нема да чини повеќе од 20 американски долари.

Според информациите од ETNews може да се заклучи дека постои можност во блиска иднина телефоните од ниската и средната класа на Samsung да ја добијат технологијата за безжично полнење. Такви се моделите од линиите Galaxy J и Galaxy A, кои на пазарот може да се најдат по цени не повисоки од 300 долари.

Масовното производство на новиот безжичен полнач веќе започна, а неговата максимална сила ќе биде 9W, како и кај останатите безжични полначи кои Samsung во моментов ги нуди на пазарот.