Teslasuit, компанија позната по својот костум преку кој засилено се чувствуваат дразбите во виртуелната реалност, претстави нараквици кои ќе им овозможат на корисниците да чувствуваат виртуелни текстури и предмети. На овој начин, кога корисниците се врзани со уредите за виртуелна реалност ќе можат не само да ги видат, туку и да ги почувствуваат објектите во виртуелниот свет.

Ракавицата од Teslasuit“ е првенствено наменета за обука на астронаути, медицинска рехабилитација и професионални услуги.

Уредот комбинира неколку различни технологии за да се креира впечаток на допир и држење предмети, пренесува B92.

Покрај тоа, нараквиците собираат информации за пулсот и други биометриски податоци. Тие можат безжично да се поврзат со костумот од истата компанија, што отвора можност да се соберат информации за движењата и состојбата на речиси целото тело.

Ракавицата има сила за повратна информација. Девет електроди се поставени на секој прст и создаваат впечаток на допирање на непостоечка површина, додека пластичниот скелет креира отпорност и вибрации, за да се симулира интеракција со тврди предмети.

Ракавиците ќе бидат официјално претставени на претстојниот CES (Consumer Electronics Show) во Лас Вегас, а во продажба ќе бидат пуштени во втората половина на 2020 година.