Леталото на американската вселенска агенција НАСА, Nеw Horizons,  кое ја истражуваше планетата Плутон, сега го има прилагодено курсот кон ново тело што се наоѓа надвор од Сончевиот систем во мрачната и студена вселена.

Сондата вчера се упати кон објект во Кајперовиот појас.

New Horizons се очекува до 2019 година да стигне до мал леден објект наречен Ултима Тула, кој според пишувањата и цртежите од средновековните мапи и литература, претставува место на познат свет.

Сондата, која се доближи до Плутон во 2015 година, има за цел да помине пат во должина од 1,6 милијарди километри од најдалечното тело во Сончевиот систем, односно 6,4 милијарди километри од земјата.

New Horizons е лансирана пред 13 години, кога беше соборен рекордот на човечка направа што стигнала до најодалечениот објект во вселената.