Во Хјустон привремено е стопирано отворањето на борделот со кукли за секс – ова е прв чекор кон борделите на иднината во кои што роботите ќе ги заменат луѓето.

Компанијата “Kinky S Dolls” неодамна го најави отворањето на својот прв роботски бордел во американскиот град Хјустон. Тие го нарекуваат тоа роботски бордел затоа што сметаат дека станува збор за првиот чекор кон јавните куќи во кои што луѓето ќе можат да најмат робот за да имаат сексуални односи. Сепак, отворањето на борделот во САД моментално е стопирано, а во меѓувреме во функција останува само борделот на оваа компанија во Торонто.

Сите кои што се заинтересирани за дружењее со куклите најпрвин треба да се најават и резервираат приватна луксузна соба во која гостите за 80 долари ќе можат да прават што сакаат со роботската секс кукла која ќе биде облечена по нивен избор. Исто така, овие кукли можат да „заминат во посета на домашна адреса или хотел“ за 250 долари за еден час.

Морална полиција

Од “Kinky S Dolls” велат дека сексот со нивните роботски кукли е „подеднакво добар како и со вистинска жена“, а клиентите не мора да се грижат за хигиената, затоа што куклите после секој однос детално се чистат.

Кога станува збор за боделот во Хјустон, тие се соочуваат со многу проблеми, а ниту градоначалникот на градот Силвестер, Тарнер не е пресреќен поради оваа идеја. Тој изјави дека не сака да звучи како морална полиција, но не крие дека ваков тип бизнис не сака во својот град.

Според аналитичарите, ова е првиот чекор кон борделите во кои во иднина ќе доминираат роботите – со оглед на тоа каков напредок се постигнува на полето на биотехнологијата и вештачката интелигенција, нема да звучи чудно ако кажеме дека во иднина тешко дека ќе се разликуваат роботите од вистинските луѓе.

Поради тоа, се почесто читаме вести во кои што сексот со роботите станува вообичаена работа, посебно затоа што на многу луѓе им одговара тоа што роботите секогаш ќе бидат расположени за секс и програмирани за да ги исполнат сите желби на корисникот.

Извор: Zimo.hr / Guardian