Huawei го ажурираше своето портфолио на атрактивни смартфони со Android, претставувајќи го официјално новиот Y9 (2019). Овој модел е развиен специјално за најмладите корисници и е базиран на последните трендови во светот на технологијата. Стилскиот дизајн е надополнет со моќни звучници кои го прават Huawei Y9 (2019) во соодветно решение за мултимедија и игри. Корисниците ќе можат да избираат верзии со различни бои, со кои ќе ја искажат на најдобар начин својата индивидуалност.

Huawei Y9 има 6,5-инчен FullView заоблен дисплеј. Новиот паметен телефон е опремен со две задни камери, чија резолуција е 16 и 2 мегапиксели. Љубителите на фотографијата ќе можат да се забавуваат со уште две предни леќи кои нудат комбинација од 13MP + 2MP, објави Huawei Cоnsumer Group. Четирите камери користат и софистицирани алгоритми со вештачка интелигенција (AI).

Двете камери со резолуција од 2 мегапиксели имаат за цел да сочуваат важни детали кои го зголемуваат квалитетот на портретите. Резолуцијата на екранот е 2340×1080 пиксели, а батеријата е 4000mAh. Високите перформанси ќе бидат гарантирани од страна на Kirin 710 процесорот, кој е дополнет со 4GB или 6GB RAM меморија. Паметниот телефон работи со Android 8.1 Oreo и корисничкиот интерфејс на EMUI 8.2. Продажбата започнува за неколку дена но сè уште не знаеме која е цена за европскиот пазар.

Извор: Huawei