Ново истражување покажува дека користењето на виртуална реалност (VR) при вежбање може да влијае на перформансите, преку мерење и скенирање на неколку критериуми: срцевата фрекфенција, потоа интензитетот на болката, перцепираната исцрпеност и времето на исцрпеност, пишува Science Daily.

Истражувањето вклучува набљудување на 80 лица кои вршеле изометрички вежби на бицепс, поставени на 20 проценти од максималната тежина што може да ја кренат, при што од нив било побарано да го задржат интензитетот што е можно подолго. Половина од групата имала функција на како контролна група која ги прави вежбите, во просторијата со стол, маса и јога черга на подот.

Групата со VR, пак, била сместена во иста просторија со истите предмети. Тие потоа ставиле VR хедсет, гледајќи го истото опкружување, вклучувајќи и визуелна претстава на раката и тежината. Групата потоа го извршила истите вежби, како и другата група.

Резултатите покажале јасно намалување на перцепцијата на болка и напор при користење на VR технологија, а според податоците од истражувањето, по една минута VR групата пријавила интензитет на болка, за 10 проценти помал од оној на другата група.