Во Португалија е отворен најдолгиот висечки мост за пешаци во светот. Тој е подолг од половина километар и минува над длабока бездна.

Иако изградбата на самиот мост заврши пред извесно време, тој беше официјално отворен дури вчера.

Мостот, наречен „516 Ароука“, во склад со неговата должина од дури 516 метри, виси 175 метри над реката Паива на северот на земјата.

Иако бездната над која минува мостот за некои посетители можеби е застрашувачка, локалното население минува преку него без никакви проблеми.

„Мостот е многу добро изграден. Топло им препорачувам на сите да минат преку него, дури и ако, како мене, се плашат од височина. Морам да признаам дека не се плашев додека го поминував“, изјавил за „Еуроњуз, Руи Брандао, жител на блиското место Ароука.

Досега најдолг висечки мост за пешаци беше мостот „Чарлс Куонен“ на швајцарските Алпи.