Телеком Србија е заинтересиран за купување на Телеком Албанија, јави Б92.

Тој потег е во согласност со најавената намера на српскиот оператор да се шири во регионот.

– Цел на Телеком Србија е да се позиционира како регионален лидер во областа на телекомуникациите. Дадовме понуда и во тек е разгледување, јави Б92 повикувајќи се на извори во Телеком Србија.

Не се дадени детали за понудата. Телеком Албанија е втор најголем оператор во Албанија.