Американскиот претседател користи најмалку два ајфона, еден за повици и друг со апликацијата Твитер и многу новински сајтови.

Претседателот на САД, Доналд Трамп користи паметни телефони во сопственост на Белата куќа кои не се опремени со современа заштита, што е промена во праксата во однос на неговите претходници.

Со тоа, Трамп се изложува на ризик да биде хакиран и прислушкуван, објавил сајтот “Политико”, повикувајќи се на двајца неименувани високи функционери од администрацијата на претседателот.

Се наведува дека актуелниот шеф на Белата куќа, иако соработниците го убедувале дека треба еднаш месечно да го промени телефонот кој го користи за пишување пораки на Твитер, тоа го одбил говорејќи дека е “премногу незгодно”.

Според тврдењето на овие функционери, Трамп користи најмалку два iPhone телефони – еден за повици, а друг со апликација за Твитер и новинарски сајтови. Двата телефони се издадени од страна на експерти за информациони технологии од Белата куќа и од Агенцијата за комуникации на Белата куќа, во која работат голем број на воени лица задолжени за надгледување на телекомуникациите.

Се наведува дека претходникот на Трамп, Барак Обама, секои 30 дена го предавал својот телефон на проверка кај експерти, со цел да се утврди дали истиот е хакиран или прислушкуван.

Покрај тоа, мобилниот телефон кој Трамп го користи за повици има и камера и микрофон, за разлика од оние кои ги користел Обама, што носи поголем ризик за полесен пристап на хакерите.

Се наведува дека опцијата за GPS во телефоните на Доналд Трамп е исклучена.

Извор: Kurir.rs