Ја заборавивте шифрата за отклучување на вашиот телефон? Не грижете се, не морате да го ресетирате телефонот.

Некогаш моравме да внесуваме шифри или PIN код, а денес телефонот можеме да го отклучиме со своето лице, отпечаток од прст или со зеницата од окото.

Сепак, некогаш се случува да ја заборавите шифрата или PIN-от, особено ако користите повеќе Android уреди. Исто така, може да се случи по одреден проблем телефонот да не може да ги прочита вашите биометриски податоци.

За да не морате да го ресетирате и да загубите драгоцени посатоци, еве едно прилично просто решение како да си го отклучите телефонот.

Сѐ што треба да направите е да инсталирате Android Device Manager или, пак, ако го имате, да го активирате.

На компјутерот одете на https://www.google.com/android/devicemanager. Внесете ја својата Gmail адреса и лозинката. Кликнете на Sign in.

Одберете ја опцијата Lock, внессете нова шифра и повторно кликнете на Lock.

Извор: B92.net