Македонската апликација за готвење MyGreatRecipes денеска официјално беше промовирана на најпознатата светска платформа за претставување на нови идеи и стартапи, ProductHunt.

MyGreatRecipes е апликација создадена од македонски девелопери и е наменета за сите оние кои немаат време или инспирација да готват. Со својата база од над 100.000 рецепти и идеи, апликацијата помага да се зголеми продуктивноста во кујната и готвењето да не се доживува како здодевна обврска.

„Чест ни е да го споделиме резултатот од нашата повеќемесечна работа. Сметавме дека луѓето сакаат се хранат подобро и поздраво но немаат многу време за готвење. Нашата мисија беше да создадеме продукт кој ќе им помогне да го променат тоа. MyGreatRecipes нуди повеќе од 100.000 рецепти кои секој може да ги направи за помалку од еден час. Направивме комплетен редизајн на апликацијата, вклучувајќи нов изглед, рецепти со јасни и концизни упатства, квалитетни слики, како и шопинг листа во која може да се зачуваат потребните состојки. Покрај тоа, корисниците може да креираат и споделуваат свои рецепти“, изјави Бојан Десподовски, еден од креаторите на MyGreatrecipes.

Инаку, ProductHunt е платформа на која сите светски стартапи ги објавуваат своите продукти со цел да се пласираат меѓу првите пет. Апликацијата може да се поддржи на следниот ЛИНК .