Razer потврди дека ќе објави втор паметен телефон подоцна оваа година, а фотографија, која наводно го прикажува новиот уред, веќе се најде во интернет просторот.

Сепак, не е неопходно внимателно да се погледне за да се разбере дека телефонот изгледа токму како неговиот претходник. На прв поглед, нема конкретни промени во дизајнот, но новиот уред има малку поширока рамка на екранот, што е малку неочекувано.

Другата промена е во локацијата на двојната селфи камера, чии сензори се на малку поголемо растојание една од друга.

Засегс не знаеме дали ќе има промена во дизајнот на задниот панел, но според неодамнешните гласини, уредот исто така треба да обезбеди системот со LED осветлување – Chroma.

Очекуваме да видиме и чипсет Snapdragon 845, 8GB RAM и до 512GB вградена меморија.