Следниот телефон на Redmi брендот ќе биде Redmi Note 9T, ќе станува збор за најновиот член на веќе прилично пополннетата Redmi Note 9 линија.

Redmi Note 9T веќе се појави и на фотографии, а наводно ќе го покренува MediaTek Dimensity 800U чипсет. Прототипот на телефонот е забележан на Geekbench 5 тестот, со 4 GB RAM и Android 10, а оствари 598 и 1760 поени во single-core и multi-core тестот.

Иако Geekbench листата само ја открива ознаката на моделот, од NBTC сертификација знаеме дека M2007J22G моделот е всушност Redmi Note 9T. Буквата „G“ во името на моделот означува дека се работи за верзија за Кина, но не е познато на кои пазари се ќе биде достапен.

Речиси е сигурно дека Redmi Note 9T ќе биде официјализиран на почетокот на новата 2021. година.