Instagram, чиј сопственик е Facebook, во претходните неколку месеци имаше голем број надградби, а компанијата сега објави нови функции. Instagram на корисниците сега им овозможува да испраќаат фото и видео одговори на Stories на содржините на нивните пријатели.

Instagram корисниците се во можност на Stories да одговараат со фотографија или воидео фајл, што значи дека на содржините можат да одговорат со испраќање на селфи или Boomerang.

За да се искористат предностите на оваа нова функција, потребно е корисникот прво да притисне на копчето за камера, а потоа да избере дали сака да одговори на фотографијата или видеото. Камерата вклучува креативни алатки, како стикери, филтри и Rewind.

Новата функција е достапна во најновата верзија на Instagram за Android и iOS.