Apple наводно го избрал LG како втор снабдувач за OLED екрани наменети за нејзините смартфони. Гласините дека Apple го користи LG како алтернативен снабдувач за OLED екрани се појавија уште во јуни, а се доверливи извори тврдат дека екраните ги поминале тестовите на квалитет на Apple.
Досега Samsung беше единствен снабдувач на Apple за OLED екрани, односно отккао iPhone X беше претставен во 2017. година. Samsung се согласи да испорача околу 100 милиони OLED екрани во првобитниот договор и ужива монопол кој му овозможува да ги контролира цените. Ако LG влезе во таа шема како втор снабдувач, Apple би можел да стане помалку зависен од Samsung.
OLED екраните на LG веројатно ќе се користат за iPhone XS i XS Max, единствените модели на iPhone кои го користат овој вид на екран. Тие нема да бидат дел од поефтиниот iPhone XR, кој користи LCD екран.
LG користи OLED екрани за својот смартфон V30, но ги испорачува и за Pixel 2 XL на Google. Овие екрани во минатото имаа неколку проблеми, но тоа очигледно е исправено штом Apple е задоволен од резултатите на тестовите.