Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) од базата Vandenberg во Калифорнија ја лансираше ракетата Delta 2, која во Вселената го однесе инструментот IceSAT-2, чија задача ќе биде да го мери топењето на мразот на Земјата.

„Оваа мисија е исклучително важна за науката“, изјави раководителот на програмата на НАСА, IceSAT-2, Ричард Слонакер.

Претходната слична мисија на NASA, IceSAT, траеше од 2003 до 2009 година, од кога агенцијата нема орбитален уред со кој би ја мерела дебелината на ледената покривка на Земјата.

IceSAT-2 е опремен со ласер, што ќе ја мери дебелината на мразот, но нема да предизвикува негово топење, бидејќи зракот ќе биде емитуван од 500 километри над површината на Земјата.

Резултатите од овие мерење ќе им овозможат на научниците да утврдат како топењето на мразот на Земјата влијае на покачувањето на нивото на океаните.

Предвиодено е мисијата IceSAT-2 да трае три години, но уредот има доволно гориво да фунционирa и до една деценија, доколку биде донесена одлука за продолжување на програмата.