Меѓународната саемска манифестација ТЕХНОМА 2017, која годинава се одвива првпат во ВИП-арената „Борис Трајковски“, денес беше отворена од Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања, и од Даниела Глигоровска, извршен директор во „Скопски саем“. Во текот на петте саемски дена повеќе од 120 компании индиректно ќе се претстават преку 60 директни учесници на речиси 4.000 квадратни метри изложбена површина.

Меѓународниот саем „ТЕХНОМА 2017“ веќе 43 години претставува успешен деловен настан специјализиран за прeтстaвницитe нa гoлeмитe, средните и малите дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата.