Американската компанија Space X на Елон Маск соопшти дека го запишала првиот светски патник за пат околу Месечината со вселенската ракета со кодно име БФР.
Сепак, името на патникот не е откриено. Од Space X лани најавија дека околу Месечината ќе патуваат двајца туристи, а пред да заминат на оваа несекојдневна авантура, ќе мора да поминат обука.
SpaceX has signed the world’s first private passenger to fly around the Moon aboard our BFR launch vehicle—an important step toward enabling access for everyday people who dream of traveling to space. Find out who’s flying and why on Monday, September 17. pic.twitter.com/64z4rygYhk
— SpaceX (@SpaceX) September 14, 2018
„Дознајте кој ќе лета и зошто в понеделник, 17 септември“, објавија од Space X на Twitter.
Замислен како меѓупланетарен брод кој би служел за испраќање луѓе на Месечината, БФР („Биг фалкон рокет“) е ракетен систем темелен на комбинација од ракета и вселенскиот брод наречен БФС („Биг фалкон спејсшип“).
Маск минатата година најави дека главната ракета ќе биде опремена со 31 мотор „Раптор“ и деќа во првата фаза ќе може да пренесува до 150 тони товар во Земјината орбита, а во втората фаза и до 100 патници на Марс.