Ако сте еден од оние корисници на Instagram што на секој коментар ставаат барем еден емотикон, тогаш ќе ве израдува најновиот додаток на оваа популарна социјална мрежа.

По неколку месеци упорно тестирање, конечно пристигнува менито за „брзи емотикони“ и тоа на iOS и Android.

Направено е за на корисниците да им го олесни пристапот до најчесто користените емотикони и го олеснува нивното користење за секој коментар.

Со тоа што самото доаѓање на оваа функција го олеснува користењето на Instagram, вреди да се нагласи дека оваа социјална мрежа уште пред три години бил свесна за моќта на емотиконите.