Науниците сметаат дека Швајцарија ќе остане без снег

Швајцарија, земја позната по луксузни скијачки одморалишта и планински врвови покриени со снег, останува без оваа бела покривка, предупредуваат научниците.

Научниците ги анализираа сателитските снимки од изминатите 22 години кои ја покриваат целата швајцарска територија.

Поради глобалното затоплување, Швајцарија загуби една петтина од снегот во тој период, пишува „Дејли мејл“.

Затоплувањето опфати некои од најпознатите скијачки центри во Швајцарија, вклучително и делови од швајцарските Алпи и планината Јура.

Научниците од универзитетот во Женева рекоа дека снегот исчезнал на површина од над 5.000 квадратни километри.