Астероид со дијаметар од околу 2 метри, наречен 2018 ЛА, бил откриен на 2 јуни и било одредено дека е на пат да се судри со Земјата за неколку саати од откривањето. Според големината се сметало дека безбедно ќе изгори во атмосферата на Земјата. Астероидот бил откриен од опсерваторија за комети и астероиди раководена од Универзитетот на Аризона и фундирана од НАСА.

Иако немало доста податоци за да се направат прецизни предвидувања за точката на судир, опсегот на можни локации почнувал од јужниот дел на Африка, преку Индискиот Океан до Нова Гвинеја. Пријави за светол болид над Ботсвана, Африка во почетокот на вечерните часови се совпаѓаат со предвидената траекторија на астероидот. Астероидот влегол во атмосферата со брзина од 17 километри на секунда во 18:44 локално време на Ботсвана и изгорил неколку километри над површината предизвикувајќи болид кој го осветлил целото ноќно небо. Настанот бил сведочен од неколку набљудувачи и снимен на вебкам видео.

На првото набљудување астероидот бил оддалечен колку орбитата на Месечината иако тоа не било на почеток познато. Астероидот се појавил како линија на сликите на телескопот кој го пронашол. Како што се прави во сите проекти за ловење астероиди, податоците биле брзо пратени на Центарот за Мали Планети во Кембриџ, Масачусетс кој пресметал перлиминарна траекторија со можност за судир со Земјата. Податоците биле тогаш пратени на Центарот за Студии на Објекти Близу Земјата во на НАСА Лабораторијата за Млазен Погон во Калифорнија каде што автоматизираниот систем пресметал висока веројатност за судир. Автоматски биле алармирани други организации за набљудување астероиди за да продолжат со набљудувања и на Канцеларијата за Координирање Планетарна Одбрана во главната управна зграда на НАСА во Вашингтон. Сепак заради големината на астероидот не се пратиле понатамошни алармирања од НАСА.

„Ова е многу помал објект отколку тие за кои сме задолжени да ги пронаоѓаме и да предупредуваме за нив,“ вели Линдли Џонсон, Началник за Планетарна Одбрана во главната управа на НАСА. „Сепак, овој реален настан ни дозволува да си ги испробаме нашите можности и ни дава самодоверба дека нашите модели за предвидување судири се адекватни за одговарање на судир од поголем објект.“

АТЛАС опсерваторијата за астероиди направи две дополнителни набљудувања неколку саати пред судир кои дозволиле на автоматизираниот систем на НАСА да одреди дека локацијата на судир би била во јужниот дел на Африка. Податоци од инфразвук јасно го детектираат судирот со атмосферата од станица за прислушување поставена како дел од Меѓународниот Систем за Мониторинг на Опширната Спогодба за Забрана на Тестирање Нуклеарно Оружје. Сигналот се совпаѓа со атмосферски судир над Ботсвана.

„Откривањето на астероидот 2018 ЛА е само третиот пат кога се открило дека астероид е на пат на судир,“ вели Паул Чодас, менаџер на Центарот за Студии на Објекти Близу Земјата во Лабораторијата за Млазен Погон. „Ова е исто само вториот пат локацијата на судир да се предвиде во разумно време пред самиот судир.“

Првиот настан од овој тип бил судирот на астероидот 2008 ТЦ3, кој го осветлил небото пред зора на небото над Северен Судан на 7 октомври, 2008. Тој астероид бил 4 метри во дијаметар и бил пронајден 19 саати пред судир, дозволувајќи доста дополнителни набљудувања и пресметка на прецизна траекторија. Вториот ваков настан бил астероидот 2014 АА, кој бил откриен саати пред судир на 1 јануари, 2014 во Атлансткиот Океан. За тој настан немало доста време за дополнителни набљудувања. Истата опсерваторија на Универзитетот на Аризона е одговорна за откривање на сите три настани, под набљудувањето на истата личност, Ричард Ковалски.