Apple може да лансира сопствена стриминг услуга за видео содржина, слично на Netflix и Amazon. Компанијата ќе врши стриминг и на создадени од самата неа филмови и серии, објави Deadline.com.

Сигурен знак дека Apple подготвува слична услуга е неодамнешното купување на меѓународните права на документарниот филм „The Elephant Queen“ (кој дебитираше неодамна на филмскиот фестивал во Торонто) и анимацијата „Wolfwalkers“.
Се очекува стриминг услугата на Apple да профункционира во март 2019 година. Минатата година Apple инвестираше речиси милијарда долари во стекнување и создавање на оригинална содржина, потсетуваат аналитичарите на пазарот.

Веќе се појавија информации дека компанијата ќе го пушти повторно серијалот „Amazing Stories“ на Стивен Спилберг, „Battlestar Galactica’s“ на Роналд Мур и адаптацијата на „Foundation“ од Исак Азимов.