Sony Bravia линијата телевизори за 2021. година пристигнува во LED и OLED варијанти и во големини од 50 до 100 инчи. Телевизорите се одликуваат со HDMI 2.1, стандарден Google TV интерфејс и новиот когнитивен XR процесор.

HDMI 2.1 претставува значаен додаток битен за сопствениците на PlayStation 5 и Xbox Series X конзолите, кои сакаат да играат во целосна 4K @ 120Hz резолуција.

Секако најголемата нова функција е когнитивниот XR процесор, а во прашање е најновиот чипсет на Sony за обработка на слика и звук, кој истовремено анализира повеќе елементи на екранот и ги прилагодува параметрите за оптимален квалитет на сликата. Звукот е уште еден фокус на новиот чип, бидејќи може да ја анализира позицијата на звучниот сигнал и да го спари со сликата. Покрај тоа, врши скалирање на традиционалните звучни елементи во 3D сараунд звук.

Новите Sony Bravia телевизори пристигнуваат и со поддршка за променливи стапки на освежување, имаат автоматски режим на мала латенција и поддржуваат Dolby Vision HDR.

Premijum Master Series Z9J 8K LED моделот доаѓа во големини од 85 и 75 инчи, додека A90J Master Series 4K OLED моделот е достапен во 55, 65 и 83 инчни варијанти. Моделот A80J 4K OLED доаѓа во големини од 55 до 77 инчи, додека X90J 4K LED од долниот сегмент има модели до 100 инчи.

Цената и достапноста на новата Sony Bravia линија телевизори не се објавени, но повеќе детали може да бидат достапни во текот CES саемот следната недела.