За прв пат оваа година, од ноември 2018 до мај 2019 година, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Фондацијата, а со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, започнува акцелераторска програма “SPACE STARTUPS LAUNCHPAD” – од хакатон до лансирање на Стартап компанија.

Можност за учество во акцелераторската програма ќе имаат учесниците на NASA Space Apps Challenge за Македонија од 2013 до 2018, со можност да им се приклучат и нови членови на тимовите. Директно учество ќе следи за овогодинешниот победнички тим на NASA Space Apps Challenge.

Најдобрите учесници од програмата ќе добијат поддршка за лансирање на стартап компанија и за учество во програми во САД за Space стартапи, како и можност за поврзување со инвеститори и корпоративни клиенти. Стартап компаниите кои ќе бидат дел од акцелераторската програма, со цел развивање на заеднички продукти, за целото времетраење на програмата ќе имаат поддршка од ментори од голем број компании.

Линк до пријавување на NASA Space Apps Challenge и SPACE STARTUPS LAUNCHPAD:

http://bit.ly/spaceappsmk2018p

Акцелераторска програма “SPACE STARTUPS LAUNCHPAD” – “од хакатон до лансирање на Стартап компанија”, ќе се надоврзе на “NASA Space Apps Challenge 2018”, која ќе се одржиод 19-ти до 21-ви октомври, во Скопје, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор за Македонија. Овој тродневен хакатон во Македонија се одржува по 6-ти пат.Натпреварот на светско ниво е во организација на NASA – американската агенција за вселенски истражувања, кој истовремено се одржува на 200 локации во светот.

Во изминатите 5 години, во Македонија на натпреварот учество земаат повеќе од 800 претприемачи, програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, економисти, научници, средношколци, студенти…кои организирани во тимови работеа на реални предизвици со кои се соочува Земјата и Вселаната. Тимовите постигнаа забележителни резултати на европско и светско ниво, а еден тим патуваше и во NASA Kennedy Space Центарот во Флорида на средба со претставници од NASA.

Овогодинешните предизвици може да се погледнат на следниот линк: https://2018.spaceappschallenge.org/news/announcing-spaceapps-2018-challenge-categories

И оваа година, по завршување на натпреварот, три победнички тима од Македонија ќе бидат номинирани за награда, ПАТУВАЊЕ ВО NASA Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета.