Google официјално потврди дека претстојниот хардверски настан на компанијата ќе биде одржан на 9. октомври во Њујорк. Се очекува дека компанијата ќе ги претстави Pixel 3 и Pixel 3 XL, а можеби и некој Pixelbook лаптоп (дефинитивно нема да видиме Pixel watch паметен часовник).
Голем број протечени информации од последните недели и месеци ни даваат прилично добра слика за тоа што можеме да очекуваме од новите премиум Android смартфони на Google. Се сугерира дека дисплејот ќе има голем засек (notch), можно Qi безжично полнење и дизајн од стакло.
Останатите информации споменуваа дека Pixel 3 пристигнува со 5.5-инчен екран со резолуција 2160 x 1080p и 2:1 однос на страници. Кога е во прашање поголемиот Pixel 3 XL модел, се споменуваат резолуција од 2960 x 1440p, Snapdragon 845 чипсет, 6GB RAM и друго.