Пред извесно време HTC објави дека работи на нов паметен телефон со Android, под назив „Exodus“, што ќе функционира на основа на актуелната блокчеин технологија и по се изгледа нема да има потреба да чекаме долго за неговото појавување на пазарот.

Компанијата соопшти дека развојот е во напредна фаза. Шефот на проектот, Фил Чен за The Verge изјави дека на крајот од третиот квартал ќе биде објавена и цената, а продажбите на телефонот всушност ќе започнат кон крајот на годината. Цената на уредот се очекува да биде приближна на онаа на првиот телефон со блокчеин технологија на „Сирин лабс“, којшто чинеше 1.000 долари.

Паметниот телефон ќе биде достапен на глобално ниво, освен во Кина, поради различните регулативи. Интернет страницата на проектот веќе функционира и може да се регистрирате за набавка. Во мај, Чен изјави дека компанијата има намера да создаде телефон кој ќе може да се сместат повеќе податоци, но според последните податоци, тој уред ќе се појави подоцна. Тоа што доаѓа на крајот на годината ќе понуди т.н. „ладен паричник“ за складирање биткоини и ќе ја поддржува играта „CryptoKitties“, кој работи врз основа на протоколот етереум.

Според првичните информации, „Exodus” е првиот телефон со блокчеин поддршка, дизајниран за да обезбеди што подобро искуство кај корисниците. Компанијата има намера да создаде блокирана мрежа во којашто секој телефон дејствува како јазол, за да ја олесни трговијата на криптовалутите помеѓу корисниците. Уредот ќе поддржува протоколи како биткоин, етереум, лајтнинг нетворкс, дефинити и други, а желбата на компанијата е да има поддршка за целиот блокчеин екосистем.

HTC објави дека ќе соработува со CryptoKitties, најголемата игра базирана на блокчеин технологија. Во неа наместо криптовалути, корисниците креираат уникатни дигитални суштества кои можат да се размножуваат и да тргуваат со други играчи, со милијарди можности.

Апликацијата ќе дебитира за Андроид во смартфоните на HTC и прво ќе се појави во U12 Plus, а потоа ќе стигне и до други модели на компанијата. Партнерството е дел од обидите на компаниите да создадат децентрализирана продавница за апликации.