Софтверската компанија Сеавус организира бесплатна програма за обучување на млади инженери од областа на ИТ-операции и поддршка. Програмата нуди можност учесниците да се стекнат со почетно знаење со алатки за монтирање, SQL бази, Shell и Powershell скриптирање, ИТ-безбедност, сервиси на Oracle и многу повеќе.

Предавањата почнуваат на 17 октомври, а завршуваат на 12 ноември и ќе се одвиваат трипати неделно, во период од 9 до 17 часот.

Сите дипломирани студенти, оние на постдипломски студии, како и во последна година од студии кои сакаат да го надградат своето знаење, како и сите оние кои сакаат да ја променат професијата, оваа талент-програма е вистинска можност за вас. По завршувањето на предвидените предавања, најдобрите учесници ќе имаат можност да се вработат во Сеавус и да се стекнат со професионално искуство преку работа со различни клиенти ширум светот, како и да добијат можност да работат со најдобрите сервиси за хостирање, систем-администрација, сервиси за ИТ-операции и поддршка во различни технологии.