Кинеската компанија Huawei на саемот IFA во Берлин го претстави својот AI Cube, 2 во 1 уред кој ќе ја има функцијата на паметен звучник и 4G рутер.

Со поддршка за 4G LTE Wi-Fi, Huawei AI Cube ја исполнува потребата за интернет врска во паметните домови. Поставувањето на новиот „рутер“ е прилично едноставно, потребно е само да се внесе 4G SIM картичка за корисниците да можат да уживаат во врзата интернет конекција.

Huawei AI Cube поддржува и 802.11ac Wi-Fi стандард, односно dual-band мрежа, а работи на фреквенции од 2,4 GHz и 5 GHz со што овозможува и брзина на даунлоад од 1200 Mbps.

Huawei AI Cube пристигнува со интегрирана Alexa, со што им овозможува на корисниците да слушаат музика, да управуваат со домашните паметни уреди и да пристапат до над 50 илјади функционалности на hands-free начин.

Новиот паметен звучник на кинеската компанија е изработен, како што тврдат од Huawei, од врвни материјали и овозможува репродукција на висококвалитетен звук, со кристално чист среден ранг, високи тонови и длабок бас.

„Huawei AI комбинира повеќе производи во еден уред додека ги балансира паметните функционалности со звук од висок квалитет. Возбудени сме што Huawei на корисниците во Европа ќе им овозможи на едноставен начин да слушаат музика, да управуваат со уредите во своите домови и да имаат пристап до илјадници функционалности“, изјави Пит Томсон, потпретседател на Alexa Voice Service.

Според аналитичката компанија Canalys, побарувачката на паметни звучници во следните години двојно ќе се зголеми и се проценува дека до 2020-та година ќе се зголеми на 225 милиони уреди.

Извор: Zimo.hr