Sony за време на овогодинешниот саем на IFA привлече внимание со својот нов премиум телефон – Xperia XZ3. Оваа година, компанијата планира да го донесе исто Xperia корисничко искуство, но со нешто ново: заоблен BRAVIA OLED екран, кој исто така е клучна карактеристика на телефонот.
Досега мислењата за новиот Sony телефон се поделени: на некои им се допаѓа патот кој Sony го избра, а на други не. На крајот, веројатно цената ќе биде одлучувачки фактор за корисниците, при носењето на одлуката да купат нов Xperia смартфон. Xperia XZ3 сега е забележан на веб-страницата на германскиот Амазон, со цена, бои и сите други детали.
Според листингот, телефонот ќе се продава по цена од 799 евра, а Амазон го има ексклузивното право на продажба. Тој доаѓа со 64GB microSD картичка како подарок. Пред-продажбата е отворена сега, а испораката започнува на 5-ти октомври. Xperia XZ3 може да се купи во црна, сребрена, бела, (Forest) зелена и (Бордо) црвена варијанта.
Поврзани артикли