Аналитичарите од Детроит истакнуваат дека нивното партнерство веќе го надминува пазарот на комерцијални возила и дека двете компании имаат значителни придобивки од тоа.

Затоа некои експерти најавуваат дека Ford и Volkswagen лесно може да станат еднакви партнери и да ја создадат најголемата компанија во оваа индустрија.

Германскиот гигант може да соработува со Ford благодарение на силната позиција на „Плавиот овал“ на американскиот пазар, особено во SUV сегментот и камионет возилата.

Од друга страна, VW може да му помогне на Ford да се пробие во Европа, Латинска Америка и Кина, каде што во моментов е слаб. Покрај тоа, и двата производители можат да имаат корист од создавањето на заеднички платформи кои ќе им го олеснат проширувањето на гамата на модели.

Како пример, Ford некогаш беше пионер на EV технологијата, за сега многу да каска зад VW кој има многу агресивен план за електрификација.

Од друга страна, Ford може да му помогне на Volkswagen да ја поправи сликата по аферата Dieselgate и веќе споменатиот сегмент на пикап возилa.

Експертите веруваат дека моментот на потенцијална соработка е совршен. Ford се соочува со бројни предизвици додека работи на радикална трансформација на компанијата.

Оваа трансформација вклучува отстранување на традиционалните седан и купе модели од САД, како и премин кон електрични и самовозечки автомобили со масовна експанзија на камионет, кросовер и SUV сегментите.

Добро упатените велат дека целата приказна меѓу двете компании веќе во голема мера е придвижена, но само времето ќе покаже дали Ford и VW ќе воспостават уште поблиска соработка.