Мобилната 4G мрежа од следната година ќе ја има и на Месечината. Како што објавија компаниите на Vodafone  и Nokia, те веќе работат на завршување на проектот со кој Месечината ќе добие 4G мрежа.

Мисијата, која е организирана од PTScientists од Space Research Society, ќе биде прво приватно финансирано слетување на природниот сателит на Земјата.

Станиците на Nokia кои ќе го распрснуваат 4G-сигналот ќе бидат лансирани со ракета на SpaceX во 2019 година од космодромот Кејп Канаверал во Флорида, САД. Мобилната мрежа ќе им овозможи на Audi роверите кои ќе бидат на Месечината, да можат да комуницираат едни со други, како и со нивната идна главна станица.

4G-сигналот, осигурен од Vodafone, ќе може да пренесува видео стриминг со висока резолуција кој ќе ни овозможи да гледаме перфектна слика од она што роверите ќе го снимаат на површината на Месечината.