Во сенка на одлуката на Google за укинувањето на пристапот на своите услуги за Huawei (како последица на тоа и Honor), во Лондон беа претставени новите Honor 20 и Honor 20 Pro.

Прв пат Honor одлучи светската премиера да ја одржи вон Кина и тоа за два смартфона од серијата 20. Како што истакнаа и пред самиот настан, Honor серијата 20 доаѓа со четири камери, а подобрувањата кои се остварени преку новите верзии на хардверот и софтверот пружаат уште поодбро искуство на фотографија.

Во текот на целото претставување, претседателот на Honor, George Zhao избегнуваше да дава било какви информации кои би биле врзани со соработката со Google. Па така, новинарите од целиот свет не дознаа кој оперативен систем ќе ја покренува новата Honor 20 серија, како ни кога ќе се најде во продажба.

Honor 20 серијата внесува промени во индустријата на мобилни телефони со својот AIS Super Night режим и отвор на блендата од дури f 1.4 кај Honor 20 Pro моделот. Потпомогнат од технологијата на AI стабилизација на повеќе различни фрејмови и напредниот алгоритам, овој режим овозможува креирање на исклучително чисти и јасни ноќни фотографии, со засилено осветлување, помалку шум и поверен приказ на реални бои. AI камерата од 48MP им овозможува на корисниците да создадат исклучително јасни и чисти фотографии во текот на денот, посебно со AI Ultra Clarity режимот.

Стандардниот Honor 20 од Pro варијантата се разликува на полето на камери на задната страна. И натаму тука е 48 MP Sony сензор, но со побавен f/1.8 отвор на бленда и без оптичка стабилизација на сликата. Присутни се 2MP макро и 16MP ултрашироки камери, со тоа што телефото е заменет со depth сензор.

 

Екранот на Honor 20 е ист и изнесува 6,26-инчи со 1080p+ резолуција и 32MP селфи камера сместена во punch hole отвор. Сензорот за отпечатоци од прсти е исто така лоциран на бочната страна од уредот.

На овој модел, Kirin 980 чипсетот е искомбиниран со 6GB RAM и 128GB простор за складирање (а дополнително нема опции за ладење преку графен). Како кај Pro моделот, GPU Turbo 3.0 софтверот ветува потечен гејминг за најпопуларните наслови.

Honor 20 е потенок од Pro моделот, со дебелина од 7,87 милиметри (наспроти 8,44 мм), но има и помала батерија, со капацитет 3750 mAh. SuperCharge од 22.5W ќе помогне батеријата до 50 проценти да се наполни за 30 минути.

Двата Honor 20 телефона имаат 9.1 сараунд саунд систем виртуелизација, но како кај Pro моделот, ни стандардниот Honor 20 нема приклучок за слушалки.

Honor 20 во Европа ќе се продава по цена од 499 евра, додека цената на Honor 20 Pro изнесува 599 евра.